– ММС
Фудбал

И покрај авионската несреќа, Нант ги бара парите за трансферот на Сала

Екипата на Нант ја бара од Кардиф Сити сумата од 15 милиони фунти за трансферот на фудбалерот, Емилијано Сала, и покрај несреќата во која неговиот авион се урна на патот кон Велс. Од Нант испратиле допис со кој ги бараат овие пари, иако авионската несреќа го спречи Аргентинецот да заигра во англискиот премиерлигаш, каде требаше да биде најскапото засилување во неговата историја.

Неофицијално, францускиот клуб се заканил дека ќе почнат судска постапка доколку не ја добијат потребната сума за десет дена.

Од Кардиф пак, во меѓувреме ги прегледуваат документите со цел да утврдат дали се должни да му платат на Нант.

Лограње

X

Регистрација