– ММС
Свет Сообраќаен Сервис

Воз полн со тенкови застана во Копривница, патниците и железничарите збунети

ММС, 05.02.2019

Товарен воз полн со тенкови вчера неколку часа стоел на железничката станица во Копривница, Хрватска, патниците што чекале воз биле вчодовидени, а железничарите изненадени, пишуваат хрватските медиуми, пренесувајќи го „Подравски ХР“.

– Не сум овластен да давам информации за што се работи. Искрено, и не знам од каде доаѓаат тенковите, ни каде ќе одат. Но, и кога би ги имал тие податоци не би можел да ви ги отријам – изјавил шефот на железничката станица за „Подравски“.

Тенковите го привлекоа виманието на патниците што чекаа патнички возови, а почнаа да кружат и на социјалните мрежи. „Дали да го чекам мојот или со овој воз да одам на работа“; „Изгледа возовите ќе одат за Украина, бидејќи ќе почнувала Трета светска војна“, се дел од коментарите…

„Подравски“ пишува дека композицијата попладнето отишла источно, кон Украина.

Како што пишува риекчкиот портал „бур.ком.хр“, тенковите оделе на поправка во фабрика во Чешка. Станувало збор за стари тенкови од чехословачко производство, кои биле во Ирак. Оригинален производител им бил СССР, а Чехословачка и Индија ја презеле лиценцата. Во Риека тенковите допловиле од Јордан.

Лограње

X

Регистрација