– ММС
Вести Македонија

Скопје домаќин на бизнис форумот „Македонија-Бугарија 2019“

В четврток ќе се одржи бизнис форум „Македонија-Бугарија 2019“, кој се организира на иницијатива на вицепремиерот, Кочо Анѓушев и потпретседателот на Советот на Министри на Република Бугарија, Томислав Дончев.

Бизнис форумот кој ќе почне во 10:30  ќе се одржи во еден од скопските хотели.

Од владината прес служба, најавуваат дека се очекува присуство на претставници на преку 50 компании од Република Бугарија и уште поголем број на претставници на македонски компании на бизнис форумот, кој е прв по потпишување на „Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, потпишан помеѓу двете земји во 2017 година.  Компаниите од двете земји ќе имаат можност да остварат меѓусебни средби за време на форумот, со цел интензивирање на меѓусебните бизнис односи.

Лограње

X

Регистрација