– ММС
Вести Македонија

Стоилковски: Не кријте се зад партиските одлуки, излезете на избори (Видео)

Уставните измени и денеска наидоа на реакција кај опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде повторно повикаа на предвремени парламентарни избори. Партискиот портпарол, Наум Стоилковски обвини дека народот е излажан и обесчестен. Тој повторно потсети дека партијата не го поддржа Договорот од Преспа.

„Македонија е фрлена на колена, народот е излажан и обесчестен. Економија на нула, уништеното здравство, неквалитетното образование, земјоделието скапува на нивите. Во две години власт, освен продажба на националните и државни интереси, сведочевме за криминогени тендери, партиска полиција, мафијашки престрелки на улици, нерасветлени убиства, уништено здравство, колапс во земјоделството. Не можат, не умеат, не сакаат и секој ден со нив ќе биде полошо. Заев и вие од осрамениот СДСМ – не бегајте од одговорност. Немојте да се криете зад партиските одлуки. Излезете на избори! Тоа се избори каде што ќе победи народот, каде што ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, за да победи достоинствена и горда Република Македонија“, порача Стоилковски.

Лограње

X

Регистрација