– ММС
Вести Македонија

Франција: Почнува значајна етапа од историскиот Преспански договор

Франција го поздравува конечното гласање на уставните амандмани на 11 јануари од страна на Собранието на Поранешната Југословенска Република Македонија, кое е предвидено во Преспанскиот договор кој беше потпишан на 17 јуни 2018г. помеѓу оваа земја и Грција – наведува француската амбасада денеска во официјално соопштение.

Станува збор за значајна етапа за влегувањето во сила на овој историски договор кој треба да стави крај на четвртвековниот билатерален спор. Како што наведе и претседателот на Француската Република, Договорот е добар за земјата, за регионот и за Европа. Франција сега посакува и грчкото Собрание набрзо да го ратификува Договорот – се вели во француското соопштение.

Лограње

X

Регистрација