– ММС
Вести Македонија

Петнаесетгодишно девојче загина во сообраќајна несреќа кај Струмица

Петнаесетгодишно девојче од селото Радово загина утрово во сообраќајна несреќа што се случи кај селото Дабиле, а две лица се повредени и се пренесени во струмичката болница – соопшти полицијата.

Според полицијата, во 4,30 часот било пријавено дека на излез од Струмица кон селото Дабиле патничко моторно возило „фолксваген кеди” со струмички регистарски таблички излетало од патот.

Возилото го управувал  дваесет и едногодишен жител на село Радово., а повредена е и другата сопатничка во возилото (21), од истоименото село.

Увид на местото на настанот се врши од страна на увидна екипа од СВР Струмица.

Лограње

X

Регистрација