– ММС
Вести Македонија

ЕУ и НАТО со честитки за уставните измени изгласани од Собранието

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, први се огласија по гласањето за уставните измени во македонското Собрание вечерва, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во име на Европската унија, Могерини и Хан „со цело срце” му честитаат на Собранието за „круцијалниот чекор кон имплементација на Преспанскиот Договор.”

-Политичките лидери и граѓани ја покажаа својата одлучност да ја зграпчат оваа уникатна историска прилика за решавање на еден од најстарите спорови во регионот и одлучно да се движат напред на патот кон ЕУ, пососчуваат Могерини и Хан.

ЕУ, велат тие, силно го поддржува договорот од Преспа кој „поставува пример за помирување за регионот и за цела Европа”.

-Додека ги чекаме следните чекори кои водат до целосна имплементација на Преспанскиот Договор, ЕУ останува цврсто посветена да продолжи да ја придружува и поддржува земјата во заедничката цел на ЕУ интеграција, напишаа Хан и Могерини.

Генералниот секретар на НАТО Једнс Столтенберг од своја страна му испрати директен твит на премиерот Зоран Заев да му честита за крајното гласање на Собранието.

-НАТО силно ја поддржува целосната имплементација на Договорот, што е важен придонес за стабилен и просперитетен регион, порача Столтенберг.

Европратеникот Едвард Кукан од ЕПП исто така им честиташе на пратениците за, како што кажа, „одговорното” гласање на уставните измени, кои го отвораат патот за имплементација на Преспанскиот Договор.

-Со нетрпение ја чекам евроатлантската иднина на Северна Македонија, твитна Кукан.

Лограње

X

Регистрација