– ММС
Вести Македонија

Мал инцидент на протестот пред Собрание: Жена извикувала ЕУ и НАТО и била симната од бината (ВИДЕО)

Денеска трет ден пред законодавниот дом се одржува протест против уставните измени. Пред Собранието денеска амосферата е мирна со мал број на демонстранти, но со еден мал инцидент. Кога жена која се качила на импровизираната бина, која демонстрантите го сфатија тоа како провокација и еден од нив ја повлече и ја поведе надвор од топлпата, пренесува Фокус.

Жената која била симната од сцената извикуваше „Ништо не можете да ми направите“ и повикуваше помош, но никој од полицијата не интервенираше иако пред Собранието има полициски кордон. Таа извикувала дека е за ЕУ и НАТО.

Демонстрантите потоа се свртеа кон новинар кој го снимаше настанот и му забрануваа да снима. Ситуацијата се смири откако новинарот се повлече.

Видеото може да го погледнете подолу на линкот:
https://fokus.mk/video-demonstranti-simnaa-zhena-od-bina-bidejki-izvikuvala-eu-i-nato/

Лограње

X

Регистрација