– ММС
Вести Свет

Познат идентитетот на загинатите скијачи во Банско

Двајца бугарски државјани, момче и девојка , се двајцата починати скијачи на падините на Пирин во Банско, Бугарија.

Бугарските медиуми  јавуваат дека двајцата скијачи заминале  на падините на врвот Тодорка, каде што често се спуштаат екстремни скијачи и сноубордисти. Се дознава дека  двајцата биле зафатени од лавина што го зафати  Банско.

Индидентот се случил околу 11 часот. Големата лавина ги влечела младите, кои биле над 800 метри и ги донела на 50 метри од колибата Бандерница. Спасувачите тргнале по нив, но ги нашле без знаци на живот.

Групата скијачи, која била со нив, не била зафатена од лавината, која веројатно самите скијачи ја предизвикале.

По обилните снежни врнежи последните денови, опасноста од лавина во планините е значително висока. Надлежните служби предупредија за внимателно движење по планината.

Лограње

X

Регистрација