– ММС
Вести Македонија

И Грција го чека исходот во Собранието

Се’ додека не поминат уставните измени во македонското Собрание, нема да се одржи средбата меѓу премиерот на Грција Алексис Ципрас и неговиот коалиционен партнер во владата, изјави лидерот на Независни Грци, Панос Каменос. Како што пишува грчкиот весник Катимерини, средбата на Ципрас и Каменос се одложува до пренесувањето на вестите од Скопје.

-Додека не се тргне блокадата што постои во ПЈРМ се договоривме да ја одложиме средбата со премиерот, изјави претседателот на Независни Грци, Панос Каменос пред почетокот на состанокот на пратеничката група на неговата партија.

Запрашан дали овој развој влијае на претстојниот состанокот со пратеничката група, Каменос забележа дека “сè е поврзано”.

Тој рече дека не може да оди на состанок со можни сценарија од Скопје, истакнувајќи дека тој е во отворена комуникација со Алексис Ципрас.

Лограње

X

Регистрација