– ММС
Вести Свет

Евакуирани неколку суда во Германија поради закана од бомба

Германската полиција евакуираше неколку судови низ целата земја,поради добиени закани дека во судските згради се поставени бомби.

Најмалку пет германски судови во градовите Кил, Ерфурт, Магдебург, Потсдам и Визбаден добиле закани за бомба.


Судовите во Магдебург и Ерфурт се евакуирани поради заканите што беа испратени преку емаил, објави дневниот весник “Ханноверше Алгемајне Цајтунг“.

Властите спроведуваат истрага во судовите со кучиња.

Во Визбаден, во судницата беше откриен сомнителен пакет. Полицијата ги блокираше патиштата во околината.

Полицијата се обидува да го пронајде изворот на заканувачките пораки по емаил.

.

Лограње

X

Регистрација