– ММС
Вести Македонија

Тешко повредена жена во сообраќајка во Скопје

На 10.01.2019 годинa во 18.45 часот на улица „Бутелска“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Туарег“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.М.(38) од Скопје и патничко возило „Рено 9“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(18) од Скопје соопшти МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила И.П.(48), сопатничка во возилото „Рено“. Таа била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Лограње

X

Регистрација