– ММС
Забава

Мурал од лименки првпат во Белград

Еколошки мурал од искористени лименки е поставен на плоштадот во Белград, во рамките на годинашната манифестација „Белградска зима“.

Симболите на Белград, храмот „Свети Сава“ и споменикот на кнез Михајло се мотиви на инсталацијата долга шест метри.

Според организаторите на манифестацијата, посетителите првпат имаат можност да уживаат во ваков мурал, кој на најдобар начин ги спојува уметноста и рециклажата.

– Овој мурал на креативен начин придонесува за рециклажа на лименки и потсетува зошто лименката е најдобра амбалажа за пијалок – лесна е, некршлива и може безброј пати да се рециклира, изјави Немања Коматовиќ од кампањата „Бирам да рециклирам“.

Овој еколошки мурал е соработка на  „Бирам да рециклирам“ и Белградската културна мрежа, чија цел е заштита на животната средина.

Лограње

X

Регистрација