– ММС
Спорт Фудбал

Интер се засилува: Аргентинец пристигнува на „Џузепе Меаца“

Италијанските медиуми пишуваат дека Интер го посакува фудбалерот на Удинезе, Родриго де Пол.

Поранешниот фудбалер на Валенсија игра фантастично сезонава, иако тимот на Удинезе се мачи, па привлече голем интерес од многу тимови.

Интер е најсериозен во намерата да го ангажира, а „нераѕурите“ сакаат да го ангажираат до крајот на јануари.

Удинезе не сака да го пушти, но очигледно нема да можат да одолеат на понудата на клубот од Милано, која би требало да се движи меѓу 25-30 милиони евра.

Превземено од: supersport.mk

Лограње

X

Регистрација