– ММС
Забава

Првата зима на бебето: Совети за студено време за нови родители

Зимата е овде, но кој сака да остане дома?

„Бебињата и новите родители имаат потреба од свеж воздух” – вели педијатарката од Њујорк, Ерика Ландау, М.Д., коавторка на “Основниот водич за првата година на бебето”.

„Освен ако не е премногу студено, да се биде на отворено им помага на доенчињата да се приспособат на годишните времиња и дневниот и ноќниот циклус”, додава таа.

Сепак, родителите мора да ги следат безбедносните мерки. Откако температурата ќе биде под 0, не треба да го изнесувате бебето.

Дури и кога е температурата е под 0, студеното време може да биде опасно.

„Новороденчињата и доенчињата сеуште немаат способност сами да ја регулираат нивната температура”, вели Џенис Монтиг, MD, директорката на педијатрија во болницата Good Samaritan.

Таа препорачува ограничување на излегувањето на снегот на неколку минути.

 

Лограње

X

Регистрација