– ММС
Спорт Фудбал

Гвардиола покажа каков господин е,oткако Сити постигна 9 погодоци против Бартон

Шпанскиот тренер кој седи на клупата на Манчестер Сити синоќа по којзнае кој пат покажа за каков господин се работи.

Неговиот Сити во првата средба од полуфиналето на Лига купот го порази третолигашот Бартон Албион со дури 9-0, а Гвардиола после мечот ја искористи приликата да ги утеши противничките играчи.

Откако прво размени неколку зборови со тренерот на гостинскиот тим каде што и двајцата беа насмеани, Пеп тргна кон играчите на Бартон кои беа видно разочарани и тажни.

Неговиот гест ги воодушеви сите на Островот, а во продолжение можете да ги погледнете фотографиите.

 

Превземено од: supersport.mk

Лограње

X

Регистрација