– ММС
Македонија Спорт

Македонските репрезентативци успеаја да се пласираат на Европското првенство (ЕП) во одбојка

Македонските репрезентативци успеаја да се пласираат на Европското првенство (ЕП) во одбојка, откако беа подобри од Унгарија со 3-0 во сетови, а претходно ни се остварија желбите, односно Шведска го совлада Азербејџан, а Летонија беше подобра од Израел.

Македонската одбојкарска репрезентација одигра одличен натпревар и обезбеди историски пласман на ЕП, кое ќе се одржи во септември годинава.

Македонија играше фантастично против Унгарија, па првиот сет го доби со 25-21, а во вториот беше за нијанса подобра, па славеше со 25-20, додека во третиот сет беше забележана „реприза“ на првиот и резултат од 25-21.

Капитенот на македонската репрезентација, Никола Ѓорѓиев кажа дека е задоволен од настапот и големиот успех на одбојкарите.

„Ова е остварување на сонот. Пласманот на ЕП не се мери со титули и слично…“, кажа Ѓорѓиев.

Превземено од: supersport.mk

Лограње

X

Регистрација