– ММС
Вести Македонија

Низ истокот и југоистокот од Македонија се вози во зимски услови

Проодни се магистралните и регионални патишта во источна и југоисточна Македонија. Раководителот на регионалната подружница ЈП „Македонија пат”-Штип, Кире Коцев вели дека сообраќајот се одвива во зимски услови и оти нема препреки од наноси од снег на патиштата.

Тој апелира тешките товарни возила да не тргнуваат на пат без зимска опрема. Синоќа десетина камиони од страна на екипте на ЈП „Македонија пат” и на полицијата биле паркирани, со цел да не го попречуваат сообраќајот на експресниот пат Штип-Велес. Забележува дека токму новиот експресен пат има бенефиции при вакви зимски услови. Во минатото камионите го попречувале сообраќајот, но сега со проширувањето на коловозните ленти сообраќајот непречено се одвива.

-Уште еднаш ќе потенцирам дека сообраќајот се одвива во зимски услови, без зимска опрема да не се тргнува на пат. Веќе неколку дена интензивно паѓа снег, а нашите екипи постојано се на терен. Можам да кажам дека се фрлени 500м/3 ризла и 300 тони сол. Сметам дека залиха за овој бран ќе имаме, но за наредниот кој се најавува дека ќе го имаме од наредниот петок ќе мора да набавиме, вели Коцев.

Останува апелот да се вози согласно сообраќајната сигнализација, зимските услови на патиштата и со задолжителна зимска опрема.

Лограње

X

Регистрација