– ММС
Вести Македонија

Здружение на граѓани ќе го јакне традиционалното семејство

Да се зачува традиционалното семејство преку ширење и афирмирање на неговите темелни вредности е основната цел на новоформираното  Здружение на граѓани „Традиционално семејство”, коешто беше промовирано во Штип.

„Многу вредности кога станува збор за семејството се променети, токму поради тоа оваа здружение ќе го промовира  бракот исклучиво меѓу маж и жена, зошто најдобра средина за развој на среќни и здрави деца е традиционалното семејство“, вели Аника Илиевска Горгиева од Кочани, една од основачите на Здружението.

Живееме во современо општество каде што имаме наплив на информации од страна. Се прифаќаат вредности спротивни на она што ние сакаме да го промовираме, дека не било важно да се склучува брак,  дека не било  важно да се венчаваат младите.Напротив според нас тоа е многу важно. Намалениот наталитет не е само резултат на иселувањето на младите од државата или социо-економската состојба туку и поради одложувањето на чинот на стапување во брак и се’ почестите одлуки за живеење во див брак. Ние нема ниту можеме да влијаеме на намалување на дивите бракови,тоа е нивно право на избор.Ние си повикуваме ,како Здружение,со свои примери да се одлучат за склучување на традиционален брак. Со сексуалната либерализација на младите,статистиката вели дека не се намалија разводите. Да се проба дали може да се живее  заедно ,за потоа да не се разведуваат,многу не ја промени состојбата. Колку имаме склучени бракови, имаме и толку разводи  – велат од Здружението.

Здруженето „Традиционално семејство” има регионален карактер. Засега ќе делува во источниот регион со тенденција да биде присутно на целата територија на државата. Отворено е за соработка со државни институции и други невладини организации кои третирааат слични теми.

Лограње

X

Регистрација