– ММС
Забава

Се’ за храна: Домашно топло чоколадо со какао и густин

Што има поубаво од топло чоколадо во ладните зимски денови? Ем ќе ве заблажи, ем ќе ве згрее. На предлог од Катерина, ни доаѓа рецепт за домашно топло чоколадо со какао и густин.

Состојките кои ви се потребни се едноставни, како и самата подготовка. За рецептот Катерина вели: „Идеален домашен напиток во овие студени денови. Ако намалите на млекото ќе си имате супер вкусен домашен чоколаден пудинг. Така да рецептов е 2 во 1, или топло чоколадо или чоколаден пудинг, изборот е ваш.“

Состојки:

  • 600 мл млеко
  • 120 г црно чоколадо (60% какао)
  • 20 г шеќер
  • 20 г густин (нишесте)
  • 20 г какао.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган измешајте ги какаото, густинот и шеќерот.
  2. Додајте малку од млекото и мешајте со жица додека се растворат состојките.
  3. Потоа постепено со постојано мешање додајте го и преостанатото млеко.
  4. Ставете го тенџерето на шпорет на средна температура и загрејте до зовривање.
  5. Додајте го чоколадото и мешајте додека се растопи и смесата се згусти.
  6. Тенџерето тргнете од оган и веднаш сервирајте го топлото чоколадо. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Превземено од: sezahrana.mk

Лограње

X

Регистрација