– ММС
Спорт Фудбал

Видео: Тотенхем го доби првиот меч, Челси погоди две стативи

Во првиот меч од полуфиналето во англискиот Лига куп, фудбалерите на Тотенхем на „Вембли“ победија со 1-0 против Челси.

Двата тима играа со силни состави, па имавме шанса да видиме интересен меч, кој го реши Хари Кејн од пенал во 26. минута.

Челси беше доминантен во продолжение од средбата, но не успеа да стигне до израмнувачки погодок, иако двапати ја погодија стативата на Тотенхем.

Реваншот помеѓу двата тима се игра на 24 јануари во Лондон на „Стемфорд бриџ“.

Превземено од: supersport.mk

Лограње

X

Регистрација