– ММС
Вести Македонија

Градба на дополнителна 20-мегаватна фотоволтаична мрежа, најавува Бектеши

Со седум милиони евра ќе се гради фотоволтаична централа во РЕК Осломеј во Кичево.

5, 9 милиони евра од вкупната сума ќе бидат обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој, а останатите – 1,1 милион евра ги обезбедува компанијата  ЕЛЕМ.

Локацијата за 10-мегаватната фотоволтаична мрежа се простира на 15 хектари земјиште од поранешните наоѓалишта на јаглен, кое за една година треба да биде рекултивирано токму со новата централа.

Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека вкупното годишно производство од оваа нова фотоволтаична електрана се очекува да биде околу 15 гигават часови, доволни за покривање на годишните потреби на околу 2 000 домаќинства.

Тој најавува дека во наредниот период ќе има нови вработувања во комбинатот, особено на стручни лица од соодветната сфера од Кичево и регионот. Апелира  до младите да продолжат со стручна едукација за да бидат подготвени да одговорат на барањата на постојните и новите инвеститори.

Лограње

X

Регистрација