– ММС
Вести Македонија

Прифатени дел од барањата на Алијансата за Албанците за уставните измени

Ќе се менува Преамбулата на Уставот. Ова следува по средбата на премиерот Зоран Заев и лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села во еден од скопските хотели попладнево.

Заев потврди дека прифатил дел од барањата на партијата предводена од Села, која поднесе неколку амандмани за собранисдката расправа која треба да се одржи утре.

Toj информираше дека го прифатил предлогот на Села што се однесува на делот на преамбулата „граѓаните коишто живеат во границите”, посочувајќи дека конечната формулација ќе биде „граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ, дел од влашкиот народ…”.

– Кога ја читате преамбулата во моментот стои „граѓаните на Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во границите, а се дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ и сл.”, така стои во сегашната преамбула. Она што досега е прифатено беше „коишто живеат во границите”. Зборчето „граѓаните” пред „коишто живеат во границите” пропуштивме да го тргнеме заради тоа што граѓаните се спомнуваат во почетокот на преамбулата и стои „граѓаните во Македонија, македонскиот народ и граѓаните како дел од албанскиот народ…”, сега е во моментот како што е формулирано, ова второто „граѓани” се тргнува. Конечната варијанта ќе биде „граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ, дел од влашкиот народ…” како што е соодветно наведено тоа поприлично ги воедначува граѓаните пред својата татковина – Република Македонија, објасни Заев.

Вториот амандман што всушност е прифатен и од Алијансата за Албанците и од делот на Беса е дискусијата за амандманот 36 или членот 49 каде што буквално во самиот предлог стоеше „за дијаспората на македонскиот народ” за да биде еднакво водењето на грижата на државата спрема сите граѓани коишто живеат во дијаспората благодарение на нивната дискусија останува да биде како што веќе е прифатено основната нивна дискусија и барање да биде „дијаспората на македонскиот народ и другите заедици коишто живеат во Македонија – нагласи премиерот.

Истакна дека третата работа што е прифатена од страна на Алијансата за Албанците е дополнувањето на Уставниот закон во однос на Косово, односно, каде што покрај четирите соседи се впишува и петтиот сосед којшто е признаен од Република Македонија – Косово.

Села пак, нагласи дека неговата партија останува на истата позиција за членство на Македонија во ЕУ и НАТО:

„Ние како Алијанса за Албанците нема да тргнеме раце од нашето барање за албанскиот јазик, за да биде дефиниран како албански јазик, а не како јазик што е различен од некој друг јазик. За овој дел се уште немаме постигнато договор и компромис“.

На новинарското прашање дели ќе дадат поддршка на уставните амндмани, Села посочи дека тоа ќе се дознае на денот на гласањето во Собранието.

Лограње

X

Регистрација