– ММС
Вести Свет

Средба Катругалос -Пајат

За стратешкиот дијалог Грција- САД, за билатералните односи, но и за Договорот од Преспа, разговарале алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, и американскиот амбасадор Џефри Пајат на нивната средба во Министерството за надворешни работи, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори.

-Катругалос и Пајат разговараа за регионалната улога на Грција. Заедничка проценка е дека Договорот од Преспа придонесува за стабилноста во поширокиот регион и ја зајакнува улогата на Грција во југоисточниот Медитеран, објави АНА-МПА, а пренесе дописничката на МИА од Атина.

Лограње

X

Регистрација