– ММС
Забава

Со зелен чаj и мед до мазна кожа

Проблемот со акни е присутен во животот, ако не константно тогаш во барем еден период од нашиот живот. Естетиката на кожата на лицето е многу важна во потрага за адекватна нега на лицето.

Меѓутоа, колку и да ни помогнат, тие препарати со силни хемикалии кои ја сушат нашата кожа, и затоа имаме предлог за вас. Преминете на природната метода за чистење на лицето. Потребно ви е само мед и зелен чај, и секако трпение.

Потребно е почесто да пиете зелен час со една лаѓичка мед, кој ќе влијае на вашиот организам да биде почист, ќе влијае на вашиот метаболизам, ќе ги собира маснотиите од вашиот организам и ќе ја смири кожата на вашето лице.

Ќесичката чај може да ја користите како маска за вашето лице, со што остатокот на водата од ќесичката ќе го помешате со мед кој е една од најздравите работи кои ни ги нуди природата. Оваа маска може да ја нанесувате секоја вечер и да ја измивате со млака вода. Кожата ќе ви биде нахранета и освежена. Ќесичките зелен чај можете да ги користите како облога за подочници. Ќе ви помогне на вашето лице да се врати одморот.

Зелениот чај се одликува со богати антиоксиданси кои помагаат за разубавување на кожата и ја прочистува од слободни радикали. Од друга страна медот успешно го ублажува црвенилото, ја храни кожата и ги убвива бактерии кои предизвикуваат акни.

По ваков третман, направете хидратација на кожата со крем и оставете ја да одмори. Со оглед на тоа дека користите природни препарати мора да бидете трпеливи бидејќи процесот е долготраен, но ефикасен.

Лограње

X

Регистрација