– ММС
Вести Македонија

Ниските температури не се штетни за посевите во Струмичко

Ниските температури од минус 17 степени измерени во Струмичко засега не се штетни за посевите, сметаат земјоделските стручњаци.

Според д-р Ристо Вучков,експерт за заштита на растенија, снежната покривка, која во Струмичко изнесува околу 15 сантиметри, не дозволува да има штети на посевите од есенската сеидба.

– Овие температури можат да бидат знак за една добра зима, бидејќи на вакви ниски температури голем број од патогените и штетни инсекти умираат, вели Вучков.

Додава дека е многу значајно колкава е должината на ниските температури за да причинат штети на посевите. Засега времетрењето на ниските температури од над минус 15 степени се забележува само во утринските часови, а преку денот има зголемување.

Од Центарот за известување информираат дека сите патишта во Струмичкиот регион се проодни, а ниските температури засега не причинуваат проблеми на граѓаните.

Од ЈПКД „Комуналец”, сооштија дека сите локални патишта и главни градски сообраќајници се проодни, а зимската служба на претпријатието го расчистува снегот и мразот од пешачките зони во градот.

Лограње

X

Регистрација