– ММС
Спорт Фудбал

Вилјареал има засилување од Премиерлигата

Шпанскиот клуб Вилјареал потпиша со досегашниот фудбалер на Лестер, Висенте Ибора до 2023 година, така беше соопштено на нивниот клупски сајт.

Ибора во 2017 година стигна во Лестер од Севилја, а одигра 37 натпревари и постигна четири голови.

„Ибора е искусен фудбалер од средината на теренот и доминантен во скокот. Квалитетен е пред противничкиот гол. Ова е престижен трансфер за нашиот клуб“, пишува во соопштението на екипата.

Финансиските детали од трансферот не се објавени, па најверојатно наскоро ќе се појават повеќе информации за тоа.

Превземено од: supersport.mk

Лограње

X

Регистрација