– ММС
Забава

Совети за постпразнична детоксикација

За време на празниците, но и потоа, на телото му  е потребна  детоксикација, за да може да остане здраво.

Постојат повеќе начини да го постигнете тоа, односно да го забрзате вашиот метаболизам и да изгледате поубаво, односно да се чувствувате подобро.

Детоксикација со препотување

Препотувањето е еден од најосновните начини на детоксикација и е еден од најтрадиционалните начини. Постојат два основни начини на препотување. Првиот  е  спортувањето. Добра замена за спортот во текот на зимата е јогата, која можете да ја користите еднаш неделно во текот на зимските денови.

Меѓутоа не постои подобар начина на детоксикација во зима од сауната.  Доколку ја изберете сауната, ќе се ослободите од детоксикација на сите отровни метали кои постојат во нашето опкружување.

Уште еден начин за препотување во зимските денови е кардио тренинг во теретаната. Можете да направите вежби на три справи за време од 15 мин.

Билна детоксикација

Чајот од коприва се покажал како одличен детоксичен напиток за крвта, дури и како одличен диуретик, затоа што помага да се исфрлат сите отрови од организмот. Копривата е многу корисна и за бубрезите затоа што помага за исфрлување на бубрежниот камен. Копривата е ефективен крвен чистач, кој ги исфрла отровите и метаболичкиот отпад, стимулирајќи ги бубрезите да излачуваат повеќе вода.  Со чајот од коприва е добро да се започне денот, а исто така е добар лек против мамурлук.

Екстракт од артичока има одличен ефект за црниот дроб, како моќен детоскикатор. За време на детоксикација на црниот дроб, токсините можат често да бидат претворени во уште поштетни. Доколку нема добра заштита, црниот дроб може да биде оштетен и затоа се покажало дека овој екстракт е вистинско решение за тој проблем.

Течност

Во текот на денот пијте литар и пол вода со малку свежо исцеден лимон.

Маска

Изморената кожа на лицето нахранете ја со хранлива маска – ако немате купена, едноставно е да се направи од јогурт, малку банана и лажичка мед или маслиново масло измешано со жолчка.

Знаци кои покажуваат дека ви е неопходна детоксикација:

Имате голема желба за консумација на храна богата со шеќер, сол, скроб и производи од бело брашно.

Имате главоболки, болки во стомакот, чувствувате подуеност и имате гасови.

Често го менувате расположението, депресивни сте и нервозни, концентрацијата ви е лоша, а се чувствувате уморни и без енергија.

Кожата и косата ви се суви, а на лицето ви се појавиле акни.

Имунитетот ви е ослабен.

Тешко намалувате, а лесно добивате килограми.

Лограње

X

Регистрација