– ММС
Фудбал

Почина легендарниот штипјанец, југословенскиот фудбалер Шекуларац

Фото: Marko Djokovic/EKSPRES

Легендарниот фудбалер на поранешните југословенски простори, Драгослав Шекуларац замина во вечноста. На осумдесет и едногодишна возраст, тој денеска почина во Белград.

Роден е во Штип, а кариерата ја почнал во Црвена Звезда – тим за кој играше цели 11 години и настапи на 375 натпревари, а постигна 119 голови.

За репрезентацијата на Југославија одигра 41 натпревари, постигнувајќи шест голови.

Лограње

X

Регистрација