– ММС
Спорт Тенис

Бердих против Агут во финалето на Доха

Чехот Томаш Бердих го откажа учеството на турнирот во Оукленд следната недела, откако стигна до финалето во Доха, каде што денес ќе се соочи со Шпанецот Роберто Баутиста Агут, кој пак вчера го совлада светскиот рекер бр.1 Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.

Бердих, кој учествува на турнирот со „вајлд карта“, се справи во два сета против Марко Чекинато (Италија) со 7:6 (6), 6:3.

Чехот, кој во моментов е бр.71 на светската АТП листа, губеше со 2:4 во првиот сет, но стигна до тајбрејк и го освои, а во вториот сет, триесет и тригодишниот чешки ветеран поведе со 3:0 и на крајот не му остави шанси за пресврт на противникот.

 

Извор: МИА

Лограње

X

Регистрација