– ММС
Ракомет Спорт

Македонија убедлива во првата контролна против Србија

Фото: Архива

Ракометната репрезентација на Македонија оствари победа против Србија со 37-31 (19-13) во првата од двете контролни средби пред СП 2019, кое се игра од 10 до 27 јануари во Германија и Данска. Вчеравечер во „ВИП арена” во Скопје, избраниците на Раул Гонзалез одиграа одличен меч, во кој доминираа. Во 42. минута, „црвено-жолтите” стигнаа и до двоцифрена предност (27-17) а потоа македонските ракометари смирено го приведоа натпреварот кон својот крај и конечна победа од +6.

Најпрецизни во составот беа Манасков со 9, Кузмановски со 6 и Лазаров со 5, додека кај Србија Марсениќ реализираше 3 голови.

Втората проверка се игра денеска, но средбата ќе биде од затворен карактер.

Лограње

X

Регистрација