– ММС
Ракомет Спорт

Ракометарите денеска на тест со Србија

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров е задоволен од перспективата на националниот тим и од она што помладите го покажуваат во досегашниот дел од подготовките за СП 2019 во Данска и во Германија. „Црвено-жолтите“ ги очекуваат две контролни средби со Србија, на кои Лазаров очекува добри настапи како вовед за мундијалските предизвици.

Првиот дуел меѓу Македонија и Србија се игра денеска со почеток во 20:00 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Капитенот не сака да прогнозира кој е дометот на Македонија на светскиот собир, но верува дека секој играч ќе го даде својот максимум.

Селекторот на Македонија, Раул Гонзалез, вели дека нашиот национален тим мора да биде максимално претпазлив на првиот натпревар.

Вториот натпревар се игра утре зад затворени врати на истото место од 15:00 часот.

Лограње

X

Регистрација