– ММС
Кошарка Спорт

Теодор конечно најде клуб, ќе игра за грчки АЕК

Поранешниот македонски репрезентативец, Џордан Теодор кариерата ќе ја продолжи во дресот на грчки АЕК, откако денеска потпиша договор.

Искусниот плејмејкер по завршувањето на обврските со италијанска Олимпија Милано долго време беше без ангажман, за на крај да го засили атинскиот тим и потпише договор до крајот на сезоната.

Пред Милано, Џордан во својата кариера ги носеше дресовите уште на Банвит, Скајлајнерс, Буж, Мерсин, Метс и Анталија. Најдобрата сезона ја одигра во тимот на Банвит, каде беше прогласен за МВП на ФИБА Лигата на шампионите за 2017 година.

Инаку, Теодор настапуваше за „црвено-жолтите” во претквалификациите за СП 2019 година во Кина. Сепак тој не го оправда високото реноме поради кое и беше ангажиран од страна на МКФ.

После тој неуспешен обид на нашиот сениорски национален состав, американскиот плеј повеќе не доби повик од селекторот Јорданчо Давитков.

Лограње

X

Регистрација