– ММС
Спорт Фудбал

Солскјер:Не сакам да си заминам од Јунајтед

Привремениот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер го препороди тимот, откако запиша четири победи на четири натпревари во Премиерлигата.

Норвежанецот стигна како спасител на „Олд Трафорд“ и засега успеа да ја спаси ситуацијата, но има договор до лето, па најверојатно ќе си замине, иако неговите желби се различни.

„Не сакам да си одам во лето, секако дека не сакам. Ова е навистина одлична група на фудбалери, тука е фантастична атмосферата. Ќе давам максимум додека сум тука. Ако победивме на четири меча, значи можеме на уште четири. Тоа е предизвик, тоа се стандарди кои ги познаваме“, кажал Солскер по натпреварот.

Инаку, Норвежанецот ќе го има првиот посериозен предизвик во следното коло, кога игра против Тотнем.

Превземено од: supersport.mk

Лограње

X

Регистрација