– ММС
Забава

Мишел Обама е жената на која Американците најмногу и’ се воодушевуваат

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама е жената на која Американците најмногу и се воодушевуваат, покажуваат резултатите од ново истражување на Галуп. Мишел оваа позиција, по 17 години, ја презеде од поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, која годинава го зазеде третото место. На второ место се наоѓа телевизиската ѕвезда Опра Винфри.

На четврто место е актуелната прва дама на САД, Меланија Трамп, а зад неа следуваат британската кралица Елизабета и германската канцеларка Ангела Меркел.

Поранешниот американски претседател Барак Обама е прв на листата со мажи, на кои Американците најмногу им се воодушевуваат веќе 11 години по ред.

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп се наоѓа на второ место, а по него следуваат Џорџ Буш помладиот, папата Франциско и Бил Гејтс.

Анкетата, во која учествувале 1.025 лица, ја спроведе Галуп во текот на овој месец, а Американците одговарале на прашањето на која жена и на кој маж во светот најмногу им се воодушевуваат. Испитувањето се спроведува секоја година од 1946, со исклучок на 1976 година.

Лограње

X

Регистрација