Светската метеоролошка организација (СМО) денеска соопшти во САД е регистрирана рекордно долга молња од 829 километри.
Молњата удрила на 22 октомври 2017 година за време на грмотевици.
– Се протегала од источен Тексас до Канзас Сити, а покрила растојание еднакво на она помеѓу Париз и Венеција, соопшти СМО.
Одбор составен од единаесет експерти од САД, Бразил, Германија, Шпанија, Израел и Непал го потврди овој рекорд. Претходниот рекорд го држеше молња долга 768 километри од април 2020 година, исто така во САД, помеѓу Мисисипи и Тексас.
Блесокот на молњата „не бил детектиран за време на првичната анализа на невремето од 2017 година, но бил откриен за време на повторна проценка“.