Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години ги загубија животите во сообраќајната несреќа денес околу 15.45 часот на автопатот Тетово-Скопје кај клучка „Север“. Тие се наоѓале во патничкото возило „опел“ со тетовски таблици каде има и повреден сопатник.
-Се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Т.И.(59) од Тетово и автобус „Ман“ со скопски регистерски таблици управувано од Ш.Д.(62) од Тетово. Во незгодата животот го изгубиле возачот Т.И (59) и сопатничките И.И.(55) и З.М.(71) од Тетово, додека сопатникот Р.И. од Тетово се здобил со телесни повреди и ќе биде задржан на опсервација во Клиничка болница Тетово, информираат од СВР Тетово.
Увид на местотот е во тек кој го презел дежурниот Јавен обвинител и Увидна екипа од СВР Тетово.
-Според првичните сознанија, до несреќата дошло при контакт меѓу автомобил и автобус, при што автомобилот со кој патувале тројцата сега починати и повреденото дете излетал од патот. Се преземаат сите дејствија за испитување на причините и на околностите поради кои дошло до контакт меѓу возилата и до несреќата. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите, а за возачот на автобусот наредено е испитување на евентуално присуство на алкохол или други супстанции. Возилата се одземени за технички преглед на нивната исправност во моментот на сударот, информират од ОЈО.
Според ОЈО, за целосно разјаснување на сообраќајната ситуација на лице место беше повикано и стручно лице – вештак од областа на сообраќајот, а дополнително ќе биде изготвено и комплетно сообраќајно-техничко вештачење врз основа на трагите подигнати на лице место, фотодокументацијата и другите докази.