Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во МВР, по неколкумесечна истрага, го расчисти случајот во кој приватни фотографии на девојки од Гостивар, придружени со текст со вулгарна содржина, беа јавно споделени на лажен профил на социјална мрежа Инстаграм на 28.02.2025.
-По преземени мерки, Секторот за компјутерски криминал го откри сторителот К.Н.(27) од Гостивар, по што против него, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци”, казнивo по член 149 од Кривичниот законик. Пријавениот К.Н., на 28.02.2025 креирал и лажен профил на социјалната мрежа и од профилот објавил постови со фотографии од шест девојки од Гостивар, кои ги набавил без нивна согласност од нивни приватни профили на социјална мрежа. Исто така, злоупотребените лични податоци од пријавителките биле надополнети со текстови со навредлива содржина упатувајќи им јавни навреди од сексистичка природа, инормираат од МВР.
По преземени истражни мерки и добиени податоци, лицето било повикано на службен разговор во Полициската станица Карпош, каде што го признал делото, по што му е поднесена пријава.