Одличен намаз со парче домашен леб со семки.
Состојки:
- 200 грама листови од кељ
- 150 грама индиски ореви
- 2 чешниња лук
- 3 лажици сок од лимон
- маслиново масло
- сол
- бибер
Подготовка:
Измијте го кељот и отстранете ги сите тврди делови и исечете. Накратко запечете ги оревите. Исецкајте го лукот и пржете го кратко во маслиново масло, само колку да се ослободи аромата. Ставете ги сите состојки во блендер, зачинете со сол и црн пипер, додадете масло и вода во еднакви пропорции и блендирајте додека не добиете мазна смеса.
Совет:
Покрај солта и биберот, можете да го додадете и вашиот омилен зачин во намазот.