Одморот во Грција заврши во вистинска кошмарна ноќ за српско семејство кое се враќало од Грција. При обидот да ја напуштат Грција, граничната полиција во Евзони ги привела патниците бидејќи два од шесте пасоши немале печати за влез во ЕУ, поточно – им недостасувале бугарски печати од граничниот премин Калотина, бидејќи од таму влегле во Грција.
Според патничката Горица С., царинските службеници на влезот од Србија во Бугарија не го регистрирале влезот на два пасоша (еден на детето), што било откриено дури подоцна – и во најлош можен момент.
На граничниот премин Евзони, грчките власти го разделиле семејството, наведувајќи дека нема докази дека еден возрасен влегол легално во Грција. Казна? 1.200 евра или забрана за влез во ЕУ во траење од четири години! Во исто време, обидите да се објасни дека станува збор за грешка на бугарските царински службеници не наишле на разбирање.
Многу членови на Фејсбук групата „Грчка инфо“ потврдија дека имале слични проблеми, и со бугарските, и со македонските и со српските гранични служби. Најчест совет: проверете го пасошот веднаш по преминувањето на границата.

Според грчкиот Закон за странци, отсуството на печат за влез во пасошот се смета за сериозен прекршок, што може да резултира со:
Доколку добиете казна, најдобро е веднаш да ја платите за да избегнете долгорочни последици. Исто така, се препорачува да контактирате со амбасадата на земјата чиј печат недостасувал – во овој случај бугарскиот – за евентуално правно решение.
Едноставно – проверете дали граничната полиција ви ставила печат во вашиот пасош! Доколку недостасува, веднаш известете го царинскиот службеник. Оваа навидум мала работа може да ве спаси од големи казни и повеќегодишни забрани за влез во ЕУ, пренесува србија данас.