Уште во 2011 година, Ози Озборн во интервју за “The Times” изјави дека не сака луѓето на неговиот погреб да тагуваат и да раскажуваат за тешки моменти.
-Нема да има тагување и лоши приказни. Луѓето често забораваат дека ние, особено рок-ѕвездите, сме имале многу среќа во животот. Затоа сакам сите да се сеќаваат на добрите работи и да бидат благодарни – рече Осборн во тоа време.
Познат по својот остар хумор, Озборн потоа додаде дека всушност не го интересира каква музика се пушта на погребот.
-Искрено, не ми е грижа што ќе објават. Можат да пуштат микс од Џастин Бибер, Сузан Бојл и “We Are the Diddymen” ако некому тоа му се допаѓа – се пошегува тој.
Сепак, неколку години подоцна, во интервју за NME во 2016 година, тој откри дека има и специфични музички желби.
Како голем обожавател на „Битлси“, тој би сакал да ја чуе песната “A Day In The Life” на неговиот погреб, а спомена и дека би сакал нешто од албумот “Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band” или „Револвер“.
-Сè уште размислувам за тоа, но сигурно нешто од тие албуми. Едноставно не сакам да се свири мојот албум со најголемите хитови – никогаш не го слушам и искрено, се срамам од него. И не сакам да се свири нешто весело, бидејќи, па, јас сум мртов – рече пејачот низ смеа, пренесува инфремер.рс.