Извршниот директор на „Астрономер“, Енди Бајрон, и директорката за човечки ресурси Кристин Кабот, предизвикаа вистинска бура на социјалните мрежи откако беа фатени во сегмент од kiss cam „камера за бакнување“ (кога камерата зумира кон паровите и им предлага да се бакнат) за време на концертот на „Колдплеј“ во Бостон.
Видеото на кое се гледа како парот се прегрнува додека се прикажува на големото платно стана вирално и предизвика низа шпекулации за наводна афера меѓу двајцата директори – кои патем и двајцата се во бракови.
На концертот на „Колдплеј“ на 16 јули на стадионот „Жилет“, Бајрон и Кабот беа фатени со камерата за бакнување на стадионот. Додека се смееја, Бајрон ја прегрнал Кабот одзади, а непријатноста беше дополнително поттикната од коментарот на пејачот Крис Мартин: „Или имаат афера или се многу срамежливи“.
Coldplay's Chris Martin accidentally exposes astronomer CEO Andy Byron having an affair with his HR chief Kristin Cabot. pic.twitter.com/GMa2g0EiK3
— Pop Crave (@PopCrave) July 17, 2025
Таа една реченица го претвори незгодниот момент во целосен интернет скандал.
Видеото, наречено „ColdplayGate“, предизвика реакции, а корисниците на интернет ги осудија двајцата директори за несоодветно однесување. Мимови и духовитости со текстови на „Колдплеј“ го преплавија интернетот, особено на ЛинкедИн, каде што Бајрон стана предмет на исмејување.
Сопругата на Бајрон, Меган Кериган Бајрон, набрзо се најде во центарот на вниманието. Нејзиниот профил на Фејсбук беше преплавен со коментари, по што таа прво го отстрани презимето Бајрон од профилот, а потоа целосно го деактивираше профилот. Многумина и изразија сочувство, нарекувајќи ја „вистинската жртва“ на инцидентот. Таа не се огласи јавно.
Инцидентот повторно ги отвори прашањата за „токсичната“ работна средина во Астрономер. Гледачите, исто така, препознаа трета вработена во видеото – Алиса Стодард – која се смееше во позадина. Неодамна беше унапредена од Кабот, што покрена дополнителни сомневања за фаворизирање и заматени линии во раководството на фирмата, пренесува еспресо.рс.