Министерството за финансии соопшти дека 16 банки одговориле на барањето за доставување понуди за финансирање на брзата пруга, што треба да се гради во Македонија. Тоа се: одговорија 16 меѓународни финансиски институции и комерцијални банки меѓу кои: Светска банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Италијанската развојна банка, јапонската МУФГ, британската Стандард чартерд, Банка на Америка, Ерсте банка, Сосиете женерал, Дојче банка, ЏП Морган, Сити банк, Уни кредит, Каргил и НЛБ и Рајфајзен банка.
„Содржината на документацијата која што беше доставена од меѓународните финансиски институции и комерцијални банки е со нaзнака доверлива (confidential)“, соопштија од МФ
Владата на затворена седница ја разгледала информацијата и е договорено да да се формира Меѓуресорска работна група.
Како што повеќе пати најавуваа од Владата, со кредити ќе се гради брата пруга од Коридорот 10 – од Табановце до Гевгелија.