МВР информира дека против доктор од Струга е поднесена кривична, бидејќи со години земал плата а бил без лиценца за работа.
-ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”. Тој постапил спротивно на член 144-а од Законот за здравствена заштита на тој начин што од 01.07.2019 па до добивање на отказното решение на 29.11.2024 и за прекинот на специјалистичкиот стаж не ги известил надлежните, ниту се јавувал на своето работно место. Додека, во периодот од 15.07.2020, од кога му истекла важноста на лиценцата, па до добивање на отказното решение, не поседувал ниту лиценца за работа како доктор по медицина, издадена од Лекарската комора. За целиот период, пријавениот примал плата и други додатоци, со што го оштетил буџетот на установата и се стекнал со противправна имотна корист од 1.956.569 денари, информираат од МВР.