– ММС
Вести Свет

Поскапување на патарините во северна Грција од Нова година

Од 1 јануари патарините во Грција ќе поскапат драстично, некаде и до 150 отсто по километар, известува грчкиот весник „ИЕфимерида“. Ќе поскапи и најкористената патарина од Македонците – онаа по граничниот премин „Богородица – Евзони“, на која наместо досегашните 1,8 евра, ќе се плаќа по 3 евра за автомобил.

Воведена е нова пресметка – по километар, и грубо кажано, од 3 центи, како што беше во најголем дел досега, новите патарини за автомобилите ќе поскапат меѓу 0,03 до 0,05 евра по километар, што е просечно зголемување за 66 отсто.

Но на некои патарини, зголемувањето достигнува и до 150 отсто. На пример за отсечка од 59,7 километри, за која до сега се плаќало од 1,2 евра патарината ќе се зголеми на 2,98 евра.

На излезот кај Аспровалта ќе се плаќаат 1,42 евра, а излезот за Кавала ќе се плаќаат 2,36 евра.

На наплатната рампа Тириа, меѓу Игуменица и Јанина, наместо досегашните 2,10 евра, отсега ќе се плаќаат 3,42 евра.

На вертикалните исклучоци кај Јеропиги ќе се плаќаат 2,36 евра, а на наплатната рампа што најмногу ги засега Македонците, онаа близу „Евзони“ патарината од  досегашните 1,8 евра е зголемена на 3 евра.

На наплатната рампа Промахона патарината е непроменета – 2,4 евра.

Превземено од: meta.mk

Лограње

X

Регистрација