Во тек е хиротонисувањето на Архимандритот Георгиј во Митрополит Дебарско – Кичевски кое се одвива на литургија во „Света Софија“ во Охрид во присуство на сите владици на МПЦ-ОА. Хиротонисувањето го води Поглаварот на МПЦ- ОА г.г. Стефан. Во црквата се присустни повеќе црковни луѓе, како и дел од јавните личности, меѓу кои и поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Игуменот Георгиј на 12 јуни беше избран за нов Дебарско-кичевски митрополит, откако Синодот, на својата редовна седница во полн состав, едногласно го поддржа предлогот на Архиепископот Стефан за пополнување на испрзнетата епархија. На изборот му претходеа бранувања во црквата и меѓу верниците, бидејќи долго време се очекуваше архимандрит Партениј од Бигорскиот манастир да биде именуван за наследник на охридската катедра.






