Вооружен маж од Прилеп застрелал двајца, а потоа се самоубил во драматичен настан на кој му претходела заложничка криза. Неофицијално се работи за внук од сестра и син од внукот на мажот кој пукал. Инцидентот е потврден, но без да се дадат детали.
Настанот се случил синоќа во центарот на Прилеп, кај споменикот Карпалак. Прилепчани сведочат за засилено полициски присуство, а на местото на настанот имало и специјални полициски сили.
Неофицијално, мажот кој пукал влегол на семејна веселба, по што ги убил вникот и неговиот син, а потоа останатите присутни ги држал во заложништво, а се заканувал дека ќе ја крене куќата во воздух, бидејќи има експлозивна направа. Кога полицијата почнала да влегува во куќата, се самоубил.
На социјалните мрежи се споделува фотографија на млад маж и мало дете во прегратка, од кои се простуваат.
фото: Пела ФМ