Прпарим Авдили е номиниран од одборот на Либералната партија (ФДП) за градоначалник на Цирих. Самиот Авдили ја објави веста преку статус на социјалната мрежа Фејсбук.
Во својата објава, Авдили посочува дека потекнува од семејство на имигранти од Кумановско, но оти пораснал во Цирих.
– Пораснав во Цирих, дете на имигрантско семејство. Одев на училиште во Алтштетен и Албисриден и сè уште редовно играм фудбал со моите пријатели во соседството. Го сакам тоа што го правам и го сакам овој град. И имам длабоки корени тука“, пишува Авдили.
Му се заблагодарува на бордот на ФДП за довербата што му ја дале.
– Сакам Цирих понатаму да се развива. Цирих да напредува. Цирих конечно да се перцепира како метропола, наведува Авдили.
Тој е финансиски директор на непрофитната компанија за обука libs, која се наоѓа во Северен Цирих, каде што поддржуваат 1.500 практиканти во машинската, електротехничката и металопреработувачката индустрија во нивните кариери.