Случајот со групното силување на 14-годишно девојче во предградиото на Атина, Керацини во Грција предизвикува ужас и морници, а нејзината изјава дадена во полицијата е шокантна.
Според извештајот на „Стар“, малолетната девојка, жртва на групно силување во Керацини, ги опишува кошмарните моменти што ги доживеала од рацете на нејзините силувачи.
„Тргнав од дома за се видам со Е.Н., по што отидовме во куќата каде што живее со својот брат. Таму дојдоа и уште двајца Д.С. и Е.М. , кои користеа дрога“, опишува девочето.
Со зборови што ја шокираа дури и полицијата, девојчето прецизно го опиша силувањето што го извршиле четворицата млади момци во куќата на ужасите во Керацини.
„Почнаа да ме допираат. Се обидов да избегам, но Л.Н. насилно ме задржа, додека другите ми ја соблекоа облеката. Е.Н. ме силуваше, а потоа и другите го направија истото“, сведочеше 14-годишната жртва на силување.
„Отидов да се искапам, бев цел во крв, а откако Л.Н. и Л.М. си заминаа, јас останав со Е.Н. и Д.С. Ми се заканија дека ако проговорам, ќе ми наштетат“, им рекол тој на полицајците.
Девојчето ѝ рекла на полицијата дека преку ТикТок неодамна го запознала Л.Н., 18-годишникот кој ја однел дома и дека тој постојано ја охрабрувал да лаже за да бега од дома доцна навечер.
„Оди кажи им дека одаш кај другарка ти, а јас ќе дојдам да те земам. Ќе разговараме за твоите проблеми, а утре ќе правиме што сакаш“, наводно ѝ напишал во порака.
Клучна улога во спасувањето на девојчето одиграла жена која ја сретнала на улица кога излегла од куќата каде била силувана и се јавила во организацијата „Насмевка на детето“ и кај властите.
Четворицата обвинети беа изведени пред Јавното обвинителство во петок (07.04.2025). Тројца беа обвинети за групно силување и употреба на дрога, додека четвртиот беше обвинет за директно соучество.