Го чекам моментот по најавата дека ќе ги објават имиња на сите со бугарски пасош, рече во емисијата „Стадион“, Андреј Жерновски од СДСМ, споменувајќи го пишувањето на бугарскиот медиум lupa.bg, кој во своето новинарско истражување го наведува и името на Игор Јанушев, како еден од македонските државјани на висока функција со бугарско државјанство.
-Бугарија го „прозваа“ генералниот секретар на Владата дека им бугарски пасош и бугарски фирми. Еден месец помина од тогаш, а тој молчи. Кој е искрен?! Има некој од СДСМ со бугарски пасош?! Докрај ќе ги бранам тие прашања. Не сакам да има кавга за некој од страна да ни го гледа сеирот, изјави Жерновски.
Бугарскиот медиум пишува дека Јанушев е сопственик на компанијата регистрирана во Бугарија „ФЛУГБАН ТРАНС“ ООД и често доаѓа во Ќустендил, каде од 2015 година го развил својот бизнис.